Од Државната изборна комисија се уште нема целосни резултати од денешното гласање

Демократската унија за интеграција објави дека нивниот кандидат Аркин Јахији е победник на изборите за градоначалник на Општина Брвеница.
На фејсбук-профилот на ДУИ објавени се видеа од прославата во Брвеница, а пред симпатизерите што го поддржале Јахији освен тој, се обратија и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Од Државната изборна комисија се уште нема целосни резултати од денешното гласање.
Според неофицијални информации, Јахији го победи ривалот од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, со разлика од околу 200-300 гласа.
