Светиниколската фабрика „Мода“ го затвора погонот по добивањето на резултатите од скринингот на 210 работници, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.
Ова било и препорака од Министерството за здравство и Кризниот штаб на Општина Свети Николе за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.
Одлучено е сите 830 вработени да бидат подложени на скрининг-тест за да се утврди точниот број на заразени.
До денеска во Свети Николе има вкупно 79 заболени со ковид.