Според најавите од УХМР, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет

Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а максималната ќе се движи од 12 до 19 степени.
Во Скопје денеска ќе има претежно облачно време, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
