При претресот во викендичката, тој доброволно предал ловечка пушка „застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имало остатоци од биолошки траги
Приведен е 69-годишен кавадарчанец откако полицијата при претрес на неговата викендичка пронашла ловечка пушка, патрони, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според полицискиот извештај, кавадарчанецот Ј. П. (69) е приведен вчера околу 15 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и од ОВР Кавадарци.
Претресите се извршени со судска наредба во неговата викендичка и помошни простории во местото Васов град и во домот во кој живее во Кавадарци.
„При претресот во викендичката, тој доброволно предал ловечка пушка ‘застава‘, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имало остатоци од биолошки траги“,
се вели во соопштението од МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно расчистување и документирање, против лицето ќе бидат поднесени пријави за незаконит лов и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.
Полицијата сподели фотографии од пронајдените недозволени средства за лов:
