Во студиото беше сопственикот на „Информер“, Драган Вучиќевиќ, кон кого се упатија насобраните граѓани. Тие ја прекинаа програмата упатувајќи му пораки на Вучиќевиќ и барајќи да им се извини на граѓаните
Пред редакцијата на таблоидот се собрани голем број граѓани, како и припадници на интервентната полиција и специјалци со опрема за разбивање демонстрации. Полицијата се обидува да ги истурка демонстрантите за да може да ги извлече Вучиќевиќ и вработените од телевизијата
Демонстранти вечерва влегоа во српскиот таблоид „Информер“, кој важи за близок до власта на поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата партија Српската напредна партија.

Упадот во медиумот, кој има и печатено издание и телевизија, се случи додека на ТВ-каналот во живо се емитуваше емисијата „Колегиум“.
Во студиото беше сопственикот на „Информер“, Драган Вучиќевиќ, кон кого се упатија насобраните граѓани. Тие ја прекинаа програмата упатувајќи му пораки на Вучиќевиќ и барајќи да им се извини на граѓаните.
При упадот во студиото немаше полиција. Како и претходно, „Информер“ вршеше пренос во живо од новинарите и уредниците како работат и разговараат меѓу себе.
До нив првин почнаа да пристигнуваат заканувачки пораки, а потоа пред дворот на редакцијата почна да се собираат демонстранти. Од редакцијата повикуваа полиција, но таа не дојде. На крај, демонстрантите упаднаа во просториите.
Немаше физички напад, освен вербални реакции и пцости на демонстрантите кон Вучиќевиќ, кому едно од лицата му велеше „Еве, дојдов тука, кажи ми во лице дека сум усташ…“
„Информер“ важи за еден од медиумите кои со години ја поддржува власта на Вучиќ и СНС.
Најжестока во нападите кон него беше една од мајките на децата загинати во падот на натстрешницата во Нови Сад, Дијана Хрка. Демонстрантите ги истуркаа компјутерите и опремата и го пикнаа сопственикот и главен уредник на таблоидот во агол терајќи го да излезе и да се извини.

Драган Вучиќевиќ повика полицијата и службите за итни случаи да испратат возило за евакуација на вработените. Тој го повика и носителот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, да ги повика демонстрантите да заминат од „Информер“, но, како што пренесе Н1, тој во телефонскиот разговор му вели: „Не ве слушам“.
Потоа повторно ја повикаа службата за итни случаи и му кажаа на операторот дека нивниот колега има епилептичен напад.
По извесно време во редакцијата дојде интервентна полиција. Демонстрантите излегоа надвор и сè уште се наоѓаат во дворот каде што бараат полицијата да го уапси сопственикот и главен уредник на „Информер“, Вучиќевиќ.
Ovo Kričak opet poslao balerine da brane Informer? Dosta je bre bilo! https://t.co/vwDRUvw4Vh
— Milorad Savic (@MiloradSavic16) October 26, 2026
„Мора да му се провери имотот“, „Уапсете го Драган“, „Гаси ја програма“, „Луѓе, сите на Информер веднаш“, „Да го водиме на Славија (плоштадот н.з.)“, беа дел од повиците кои ги упатуваат демонстрантите од дворот на редакцијата „Информер“.
Пред редакцијата на таблоидот се собрани голем број граѓани, како и припадници на интервентната полиција и специјалци со опрема за разбивање демонстрации. Полицијата се обидува да ги истурка демонстрантите за да може да ги извлече Вучиќевиќ и вработените од телевизијата.
„Зошто го штитите“,
можеше да се слушне од преносот во живо од настаните на Тик-ток.
Упадот во „Информер“ се случува еден ден откако на вчерашните предвремени парламентарни избори убедлива победа извојува Студентската листа соборувајќи го на тој начин експретседателот Александар Вучиќ кој 14 години владееше со земјата.
