Во еуфорична атмосфера насобраните граѓани извикуваат „Победа“,„Слобода“,„Пумпај“. Во Белград собири има на повеќе локации, а се слави и во Ниш, Краљево, Крагуевац, Смедерево, Врање и Чачак, откако Александар Вучиќ соопшти дека неговата политичка опција ги загубила изборите
Со свирежи, песни, факели и ора, илјадници граѓани вечерва слават низ улиците и плоштадите во Белград, како и во повеќе други градови низ Србија. Во еуфорична атмосфера насобраните граѓани извикуваат „Победа“, „Слобода“ ,„Пумпај“. Во Белград, собири има на повеќе локации, а на социјалните мрежи се споделуваат и видеа на кои се слави и во Ниш, Краљево, Крагуевац, Смедерево, Врање и Чачак, откако Александар Вучиќ соопшти дека неговата политичка опција ги загубила изборите.
Непосредно по прес-конференцијата на која Вучиќ го призна поразот на изборите, од изборниот штаб на Студентската листа прогласија победа. Порачаа дека очекувале убедлива победа, како и дека се горди на студентите кои довеле до ослободување на Србија.

Фото: EPA/ANDREJ CUKIC
Од изборниот штаб на Српската напредна партија, Александар Вучиќ призна пораз на предвремените парламенатарни избори кои се одржаа денеска. Повикувајќи се на податоци за бројот на освоени гласови, тој кажа дека има помалку од Студентската листа.
„Јасно е дека ние ги изгубивме овие избори, Студентско-блокадерската листа ќе има од 135-140 мандати, ние ќе имаме околу 105 мандати .Ние имаме околу 1 720 000 гласови, тие имаат околу 2 200 000. Бидејќи зборуваа дека некој ќе бега и ќе пакува куфери, како некој им се плаши и ќе се крие, лажеа. Лажеа се што зборуваа“,
кажа Вучиќ.
Според првичните прелиминарни резултати, Студентската листа освои 51,47 отсто гласови на предвремените парламентарни избори во Србија ,соопшти набљудувачката организација ЦРТА. Зад нив, според обработените податоци е „Обединета Србија“ чиј носител на листа е Александар Вучиќ со освоени 40,42 отсто гласови.
