„Обединета Србија“ чиј носител на листа е Александар Вучиќ има освоено 40,42 отсто гласови на предвремените парламентарни избори, соопшти ЦРТА
Според првичните прелиминарни резултати, Студентската листа освои 51,47 отсто гласови на предвремените парламентарни избори во Србија ,соопшти набљудувачката организација ЦРТА. Зад нив, според обработените податоци е „Обединета Србија“ чиј носител на листа е Александар Вучиќ со освоени 40,42 отсто гласови.

Првичните резултати покажуваат дека Ивица Дачиќ има освоено 2,20 отсто гласови, а СВМ има еден отсто. Зад нив е Автентична десница со 0,96 отсто и Албанска коалиција со 0,90 отсто.
Процентот на неважечки гласачки ливчиња изнесува 1,55. Генерална оценка за изборниот ден од ЦРТА најавија дека ќе соопштат утре во 13 часот на прес-конференција.
Од изборниот штаб на Српската напредна партија, Александар Вучиќ призна пораз на предвремените парламенатарни избори кои се одржаа денеска. Повикувајќи се на податоци за бројот на освоени гласови, тој кажа дека има помалку од Студентската листа.
„Јасно е дека ние ги изгубивме овие избори, Студентско-блокадерската листа ќе има од 135-140 мандати, ние ќе имаме околу 105 мандати .Ние имаме околу 1 720 000 гласови, тие имаат околу 2 200 000. Бидејќи зборуваа дека некој ќе бега и ќе пакува куфери, како некој им се плаши и ќе се крие, лажеа. Лажеа се што зборуваа“,
кажа Вучиќ.
