Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе биде од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 16 до 24 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 6 степени наутро до 23 во текот на денот.
За утре метеоролозите најавуваат слично време на денешното – променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура утре ќе достигне 23 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.
