„Осудениот криминалец Иван Барбов, кој е другар на аболицираниот криминалец Зоран Заев, треба да каже дали добил повик од врховниот лидер на СДС, Заев, за Михаилова или пак Филипче е тој којшто ургирал? Барбов потрвди дека Заев му ѕвонел за преглед на пациенти, но Барбов треба да каже дали се слушал и со Филипче и дали тој му ургирал за извештајот за Михаилова“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција прашаа дали докторот што го дал медицинскиот извештај за Ива Михаилова, Иван Барбов, тоа го направил по ургенција на поранешниот претседател на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, или актруелниот Венко Филипче.
„Осудениот криминалец Иван Барбов, кој е другар на аболицираниот криминалец Зоран Заев, треба да каже дали добил повик од врховниот лидер на СДС, Заев, за Михаилова или пак Филипче е тој којшто ургирал? Барбов потрвди дека Заев му ѕвонел за преглед на пациенти, но Барбов треба да каже дали се слушал и со Филипче и дали тој му ургирал за извештајот за Михаилова“,
изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Манасиевски за Барбов изјави дека тој е доктор со криминално минато, лице за кое Стејт департментот на САД смета оти е контроверзно, директор кому Државниот завод за ревизија му нашол незаконито работење, а правосудните органи не спровеле случај.
„Ваков човек е лесно да искористите, особено ако сте го назначиле и за директор на клиника, а токму тоа го направиле Филипче и Заев. Очекуваме одговори и истрага дали зад извештајот за Ива Михаилова стојат Филипче и Заев, со цел да ѝ помогнат на Бугарија да одглуми некаква жртва во политичка смисла“,
рече тој.
Претходно денеска, од опозицискиот СДСМ обвинија дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски се вмешани во скандалот со бегството, или, како што го нарекоа од СДСМ, пуштањето на Ива Михаилова во Бугарија.
На 12 октомври Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и со бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамките на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи.
