Инцидентот се случил кога момчето згазнало во локва со вода за време на дождовите што вчера го погодија Истанбул, при што доживеало струен удар. Момчето во бессознание било однесено во болница, но и покрај обидите за негово спасување, починало
Четиринаесетгодишно момче почина од електричен удар во парк во истанбулската населба Фатих за време на поројните дождови што вчера го зафатија Истанбул. Инцидентот се случил кога момчето згазнало во локва со вода за време на дождовите, при што доживеало струен удар.

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека момчето во бессознание било однесено во болница, но и покрај обидите за негово спасување, починало. Полицијата започна истрага за случајот.
Силните дождови што вчера го зафатија Истанбул поплавија бројни патишта, подвозници, тунели, домови и деловни објекти, а предизвикаа и големи проблеми во сообраќајот. Локалните власти ги затворија училиштата, им одобрија отсуство на дел од вработените во јавниот сектор и ги повикаа граѓаните да останат дома.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул објави дека службите за итни случаи примиле 2 518 пријави помеѓу 6 часот наутро и 8 часот навечер. Меѓу нив имало 1 277 пријави за поплави, 15 пријави за лизгање на земјиштето, 47 пријави за заробени луѓе, 13 пријави за паднати дрвја и две пријави за откорнати покриви. Пријавени се и штети на 76 возила, 808 станбени згради и 280 деловни простории.
Torrential rain has triggered flash floods across Istanbul, sweeping cars through neighbourhoods, stranding people, triggering landslides and bringing traffic to a standstill, with more rain expected. https://t.co/jL6XcIHII2
— Al Jazeera English (@AJEnglish) October 15, 2026
