Пандемијата на коронавирусот и натаму забрзува, а повеќето земји сè уште не успеале да ја стават под контрола, предупреди денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој посочи дека од над 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во оваа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.
Гебрејесус оцени дека пандемијата открила нееднаквости, како на глобално ниво и во одделни земји, како во медицинскиот систем, така и пошироко во општеството, пренесува „Гардијан“.
„Вообичаено се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не познаваат политички разлики ниту оние меѓу здравството и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на ковид-19 ги избриша сите“,
изјави првиот човек на СЗО.