Минималните температури ќе се движат од 4 до 13 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 7 до 16 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува претежно облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоситочните делови од земјата.
Поради продор на постуден воздух од север, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 13 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 7 до 16 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 11 до максимални 14 степени.
Променливото и постудено време ќе се задржи во текот на неделава.
