За утре, покрај врнежите од дожд, од УХМР најавуваат и појава на засилен северен ветер, кој на одредени места ќе достигне брзина до 60 километри час, а во вторник, под влијание на постуден бран, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег
Денеска времето на целата територија на државата ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи во интервал од девет до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 степени во Маврово, до 21 степен во Гевгелија и Струмица.
Повремено облачно со врнежи од дожд денеска ќе биде и во Скопје, каде во делови од котлината, според синоптичарите, процесите ќе бидат поинтензивни, со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.
Имено, како што иформираат од Управата за хидрометеролошки работи, земјава е под влијание на циклонска активноста, која ќе задржи до вторник. Се очекува во текот на денешниот ден врнежите наместа да бидат пообилни и за 24 часа да наврат и над 20 литри на квадратен метар воден талог.
За утре, покрај врнежите од дожд, од УХМР најавуваат и појава на засилен северен ветер, кој на одредени места ќе достигне брзина до 60 километри час, а во вторник, под влијание на постуден бран, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
