На Калето привршуваат работите на два објекта – Музеј на праисторијата и Музеј на османлискиот период, кои по адаптирањето се очекува да бидат ставени во функција наредната година
Премиерот Мицкоски, за време на денешниот увид во градежните активности, рече дека владата финансиски и логистички ќе ги поддржи институциите што работат на обвонувањето на тврдината и оти очекува во периодот што следи Калето да го добие, како што кажа, оној лик и функционалност какви што заслужува
Скопското Кале ќе биде обновено и ќе добие нови содржини кои ќе бидат дел од понудата на „Скопје-Европска престолнина на културата“ чиј домаќин ќе биде главниот град на Македонија во 2028 година.

На Калето привршуваат работите на два два објекта – Музеј на праисторијата и Музеј на османлискиот период, кои по адаптирањето се очекува да бидат ставени во функција наредната година. Во нив ќе бидат изложени предмети пронајдени при археолошките истражувања на тврдината од 2007 до 2016 година, кои ќе се концептуализраат по современи музеолошки принципи како интерактивност, наративност и мултимедијален пристап.
Ова беше кажано за време на денешната обиколка на Калето што ја извршија премиерот Христијан Мицкоски со владин тим и преставници на надлежните институциите кои работата на ревитализацијата на овој важен културно-историски објект. За време на посетата тие направија увид во градежните активности.
Премиерот Мицкоски рече дека владата финансиски и логистички ќе ги поддржи институциите што работат на обвонувањето на тврдината и оти очекува во периодот што следи Калето да го добие, како што кажа, оној лик и функционалност какви што заслужува.
„Очекувам кога сето ова ќе биде завршено да имаме еден исклучително квалитетен објект во Скопје којшто ќе претставува една од исклучително ретките и важни туристички атракции во градот. Знаеме дека Калето има повеќе можности и ние како Влада ќе застанеме зад институциите и финансиски и логистички да скопското Кале го добие оној лик којшто го заслужува и да биде дел од „Скопје – Европска престолнина на културата“,
изјави премиерот по увидот во градежните активности.
Тој додаде дека очекува граѓаните да бидат исклучитечно изненадени од сето она што е пронајдено на тврдината и ќе биде изложено во музеите.
„Зборувам не само за скопјани, туку и за светот“,
рече Мицкоски.

Говорејќи претходно, директорката на Управата за заштината на културното наследство (УЗКН), Весела Честоева, посочи дека при капиталните истражувања на Калето од 2007 година биле откриени над 5 000 предмети, кои, како што додаде, од 2017 до 2024 година се чувале во супстандардни услови на тврдината.
„Управата за заштита на културното наследство како инвеститор на овие два објекта поднесе информација до Владата и успеа да обезбеди средства од 8 милиони денари и формираше работна група која изработи предлог-пресметка, врз чија основа се распиша тендер за тековно одржување, адаптација и санација на Праисторискиот музеј и на Музејот на осмалискиот период. За изведувач беше избрана компанијата „Нет инвест“ од Теарце и за неполна година објектите се веќе завршени. Седум години тие беа оставени на забот на времето“,
изјави Честоева.
Посочи и дека во завршна фаза во Владата е носење одлука за прогласување на Скопската тврдина – Кале за културно наследство од особено значење поткатегорија: големо значење, со која надлежностите ќе бидат поделени меѓу Град Скопје и Археолошкиот музеј. Археолошкиот музеј ќе стопанисува со двата музејски објекта и ќе ги уреди ентериерите, со што музеите ќе бидат дел и од понудата за „Скопје – Европска престолнина на културата“.
Директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова, изјави дека ќе продолжат со работата каде што застанува УЗКН. Соопшти дека нивниот тим од вторник ќе го почне ентериерното уредување на музеите односно нивна подготвка за отворање и пуштање во употреба.

„Завршени се градежните работи и со одлука на Владата Археолошкиот музеј ги доби предметите прибавени при археолошките истражувања на Кале и во моментот работи на концептот што ќе биде презентирано во Музејот на праисторијата и во Музејот на осмалнискиот период. Идеен автор на концептот на двата музеја е долгогодишниот истражувач и раководител на археолошките истражувања на Скопската тврдина, проф. д-р Драги Митревски, автор на дизајнот на поставката е проф. д-р Јован Ивановски. Го креиравме и визуелниот идентитет на музеите, чиј идеен автор е проф. д-р Гордана Вренцовска“,
изјави Манаскова.
