Според Тошковски, во споредба со во споредба со истиот период лани, бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно има 34 жртви помалку
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од понеделник, 12 октомври, почнува да работи и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Ова минатата недела го најави и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата.
Системот „Безбеден град“ во земјава е во функција од 1 февруари годинава. Во периодот на адаптација граѓаните без известувани и контролирани за сообраќајни прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.
Според Тошковски, во споредба со во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи, годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.
