Претресите, како што соопштија од Обвинителството, се вршат со судска наредба поради сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание
Дел од медиумите, неофицијално, објавија дека акцијата е поврзана со постапувањето во врска со враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) вечерва во координирана акција вршат претреси во дом и во службени простории на виш јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола.

Претресите, како што соопштија од Обвинителството, се вршат со судска наредба поради сомнение за сторено кривично дело примање награда за за противзаконито влијание. Повеќе детали за акцијата МВР и ОЈО ГОКК најавуваат во текот на утрешниот ден.
Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално, објавија дека акцијата е поврзана со постапувањето во врска со враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.
Во врска со случајот, во јуни годинава Основното јавно обвинителство Струга првично дало негативно мислење за враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, но по новото барање на одбраната, предметот бил проследен до Вишото јавно обвинителство Битола. Вишиот јавен обвинител оценил дека со веќе определената гаранција од околу 5 милиони евра е отстранет ризикот од бегство и побарал струшкото обвинителство да даде позитивно мислење, по што Основниот суд Струга потоа му го вратил пасошот на Марковски.
