До четврток ќе се задржи сончево и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд

По студеното и ведро утро, времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од минус 3 до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 22 до 29 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До четврток ќе се задржи сончево и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.
