„На 8 октомври (четврток) во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот 8, чиј домаќин ќе биде министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Во рамките на форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, ќе има можност да се одржи билатерална средба, која е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји“, изјавиле од бугарското МНР за новинската агенција БТА
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова ќе има билатерална средба со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8, кој в четврток ќе се одржи во Софија.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија засега нема официјална потврда дека бугарската страна го прифатила барањето за средба меѓу двајцата шефови на дипломатии, но информацијата дека тие ќе имаат можност за билатерален состанок ја потврдиле од Министерството за надворешни работи на Бугарија за тамошните медиуми.
„На 8 октомври (четврток) во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот 8, чиј домаќин ќе биде министерката за надворешни работи Велислава Петрова. Во рамките на форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, ќе има можност да се одржи билатерална средба, што е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји“,
изјавиле од бугарското МНР за новинската агенција БТА.
Иницијативата за средбата дојде по минатонеделната посета на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. на земјава. Како што изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен. тој решил да го послуша нејзиниот совет и да побара од шефот на дипломатијата Муцунски да испрати дипломатска нота и да побара билатерална средба со својата бугарска колешка Петрова-Чамова на маргините на министерскиот состанок закажана оваа недела во Софија. Средбата, како што рекоа и Мицкоски и Фон дер Лајен, би била чекор кон воспоставување дијалог за деблокада на макодонско-бугарскиот спор што го кочи евроинтегративниот процес на земјава.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во петокот потврдија дека барањето е испратено до официјална Софија.
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Теарец, изјави дека сè уште нема одговор на барањето и додаде дека кога тој ќе пристигне Владата ќе може да излезе со подетален коментар.
Бугарската претседателка Илијана Јотова во саботата, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Бугарија, рекла дека Бугарија е секогаш отворена за разговори, но тие да бидат без ултиматуми и без отстапки од европската политика. Таа изјавила и оти е умерен оптимист, како и дека ќе побара од шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова да ѝ го даде на увид барањето за средба во Софија.
Инаку, Муцунски и неговата бугарска колешка последната билатерална средба ја имаа кон крајот на мај годинава на маргините на министерскиот состанок во рамките на НАТО, кој се одржа во Хелсинборг, Шведска.
По она што можеше да се прочита во изјавите на соговорниците и двете страни останаа на своите позиции, без некаков напредок.
Шефот на македонската дипломатија тогаш соопшти дека на средбата во Хелсинборг ја нагласил потребата од изнаоѓање решение на билатералното прашање што го кочи процесот на отворање на преговорите со Европската Унија. Во таа насока, како што напиша тој на социјалните мрежи, ги реафирмирал позициите на Владата, укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, пак, од својата страна, на тогашната средба потврдила познатиот став на Софија дека спроведувањето на обврските што земјава ги презела во рамките на Европскиот консензус од јули 2022 година е единствената гаранција Северна Македонија да напредува на својот пат кон Европската Унија (ЕУ).
Во јуни во Софија беше и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, која на маргините на самитот на процесот за соработка на земјите од југоисточна европа се сретна со нејзината колешка Илијана Јотова. Но и од овој состанок не произлезе конкретен напредок во решавањето на спорот меѓу двете земји.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со Мицкоски во петокот рече дека се договориле да има прв чекор неделава и да се направи обид за деблокада на процесот, односно, како што посочи, тоа да биде претворено во процес и дека тоа е најважниот дел.
