Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува пратеникот од СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи, се емитува вечерва (5 октомври 2026 г.) од 20:30 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Фатмир Битиќи, пратеник во Собранието од редовите на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања. „На Македонија ѝ треба спој на прагматичноста и лудоста на ВМРО во спроведувањето на капиталните инвестиции, паметот на СДСМ за градење на државата и љубовта на Албанците и другите етнички заедници кон зачувување на унитарноста и стабилноста“, рече неодамна Битиќи. Но, како до таква соработка меѓу политичките ривали кога тешко оди дијалогот и во сопствената партија? Каде е Битиќи во превирањата во СДСМ? Каква е неговата оценка за економијата – дали растот на БДП носи подобар живот, каков ребаланс да очекуваме по новата дупка во Буџетот од околу 130 милиони евра и дали и како се поврзани темите за издавање нова еврообврзница и можни предвремени избори – се меѓу прашањата до ексвицепремиерот и пратеник.
Емисијата се емитува од 20:30 часот на МРТ 1.
