Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на бензините се намалуваат за 1,5 денари, а цената на дизелот за 3 денари по литар
Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на горивата – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, цените на бензините се намалуваат за 1,5 денари, а цената на дизелот за 3 денари по литар.

Па така, од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 98,5 денари по литар, а литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 100,5 денари. Литар дизел од полноќ ќе чини 97 денари.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за три денари по литар се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое сега ќе се продава за 108,5 денари. Цената на мазутот се намалува за 0,285 денари по килограм и ќе изнесува 49,597 денари.
