Премиерот повтори дека земјава има најниски цени на горивата во регионот, што, како што рече, си има своја цена и по државниот Буџет за околу седум до осум милијарди денари. Од тие причини, повтори, ќе се прави ребаланс
Премиерот Христијан Мицкоски очекува денеска да има намалување на цените на горивата во земјава. Тој ова го кажа повикувајќи се на движењата на светските берзи.

„Ги следиме берзите и врз основа на тоа очекувам дека денеска ќе има повторно намалување на цената на безоловните горива и на дизелот“,
изјави премиерот одговарајќи на новинарски прашања.
Мицкоски повтори дека земјава има најниски цени на горивата во регионот, што, како што рече, си има своја цена и по државниот Буџет за околу седум до осум милијарди денари. Од тие причини, повтори, ќе се прави ребаланс.
„Со ребалансот се намалуваат и расходите и приходите бидејќи кај приходната страна имаме околу 7-8 милијарди денари. Тоа е резултат на намалената цена на акцизите, односно намалените приходи од акцизите и намалените приходи од намаленото ДДВ. Затоа за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс“,
изјави Мицкоски.
Според него, процедурата околу ребалансот ќе биде завршена во текот на овој месец.
