Наместо да се субвенционираат граѓаните кои точат гориво од соседните држави, велат оттаму, Владата треба да преземе конкретни мерки за финансико олеснување како што е повратот на ДДВ за горивата и да го пренасочи јавните средства на оние на кои им се најпотребни – граѓаните, превозниците, транспортерите, шпедитерите и домашниот бизнис
Либерално-демократската партија (ЛДП) бара Владата да го разгледа и да најде начин да го спроведе нивниот предлог за поврат на ДДВ за горивата во услови на, како што велат, секојдневен раст на цените на горивата и сѐ повисоки трошоци за живот со кои се соочуваат граѓаните.

„Рекорден економски раст, како што милува да каже премиерот, не смее да се гради на грбот на граѓаните. Вистинска државничка економија се гради со политики кои ќе им ги зачувуваат парите. Владата мора конечно да покаже дека приоритет ѝ се сопствените граѓани, а не да зборува за импровизирани и недоволно осмислени мерки и да покаже дека знае да управува со јавните финансии во интерес на заштита на македонските граѓани“,
велат од ЛДП.
Наместо да се субвенционираат граѓаните кои точат гориво од соседните држави, велат оттаму, Владата треба да преземе конкретни и директни мерки за финансико олеснување како што е повратот на ДДВ за горивата и да ги пренасочи јавните средства на оние на кои им се најпотребни – граѓаните, превозниците, транспортерите, шпедитерите и домашниот бизнис.
