Од ЦУК велат дека на пожарот интервенираат екипи на скопската противпожарна бригада

Висока сува трева и нискостеблеста шума горат под селото Раштак, на границата меѓу општините Гази Баба и Бутел.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека за пожарот се известени противпожарните екипи.
„Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се известени и се упатени на терен за интервенција“,
велат од ЦУК.
