Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), стабилното време ќе продолжи и во следниот период. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко

По ведрото и студено утро, времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус 2 до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 17 до 26 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и со температура што се движи од 4 степени наутро до 25 во текот на денот.
Слично време на денешното метеоролозите најавуваат и за утре – ведро и студено утро и сончево во текот на денот. Максималната температура утре ќе се искачи до 26 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), стабилното време ќе продолжи и во следниот период. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.
