За маратонската трка годинава се пријавени 800 учесници, а од македонските најголем фаворит е атлетичарот Дарио Ивановски кој победи на минатогодишното издание на скопскиот маратон. За полумаратонската трка се пријавени околу 3 000 тркачи
Повеќе од 15 000 учесници од 63 држави се пријавени на годинашното 22. издание на „Визер скопски маратон 2026“ кој ќе се одржи в недела, 4 октомври. Годинава има рекорден број учесници.

Почетокот на трката е закажан за 8 часот, а натпреварувачите ќе се тркаат во четири категории и тоа – маратон (42 километри), полумаратон (21 километар), штафетен маратон (42 километри со четворица натпреварувачи) и трка на дистанца од 5 километри.
Во маратонската трка годинава се пријавени 800 учесници, а од македонските најголем фаворит е атлетичарот Дарио Ивановски кој победи на минатогодишното издание. За полумаратонот се пријавени околу 3 000 тркачи.
