Случајот во полиција вчера го пријавила мајката на девојчето
Седумнаесетгодишник од Скопје е приведен бидејќи извршил обљуба над 15-годишничка.

Случајот во полиција вчера го пријавила мајката на девојчето. Според пријавата, 17-годишникот извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка, а потоа ја демнел и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“,
соопштија од МВР.
