Претставниците на опозициските партии во Србија ја обвинија владата дека намерно го одложува испраќањето на официјални покани до Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, кои без формална покана не може да испратат свои претставници за набљудување на изборниот процес
Србија досега го нема покането Европскиот парламент да испрати набљудувачка мисија на предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври, објави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Европскиот парламент не испраќа свои набљудувачи без покана. Европскиот парламент сè уште не добил покана од српските власти да ги набљудува претстојните избори во Србија“,
велат од ЕП во писмениот одговор до РСЕ.
Претставниците на опозициските партии во Србија ја обвинија владата за намерно одложување на испраќањето официјални покани до ЕП и Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на изборите.
Досега, само Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР потврди дека ќе испрати своја мисија во Србија за изборите.
Европскиот парламентот последен пат ги набљудуваше предвремените парламентарни избори во Србија на 17 декември 2023 година. На денот на изборите, таа го набљудува отворањето и затворањето на избирачките места, текот на гласањето и пребројувањето на гласовите. Членовите на делегацијата можат да го следат и испраќањето на гласачките кутии до центрите за обработка на резултатите и да ги презентираат своите забелешки и заклучоци.
