Првоосомничениот се товари за тероризам, а сите тројца се осомничени за неовластено изработување, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покрена истрага и предложи притвор за три лица поради сомнение дека сториле кривични дела тероризам и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Првоосомничениот се товари за тероризам, а сите тројца се осомничени за неовластено изработување, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи.
„Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош“,
велат од ОЈО ГОКК.
Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на тројцата осомничени им биде определен 30-дневен притвор.
