Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавија дека на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки
Околу 500 килограми храна, главно земјоделски производи, се одземени од дивите тезги на Бит-пазар за време на вонредниот инспекциски надзор што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го спроведе утринава вдолж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ – од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит Пазар.

„Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи), а отстранета е и целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки“,
соопштија од АХВ.
Од Агенцијата додаваат дека на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.
