МОН во објавата појаснува дека документите треба да се прикачат електронски со соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk

Од 1 до 30 октомври ќе трае рокот за продолжување на правото на стипендија за студентите што во некоја од изминатите академски години го оствариле правото за користење, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).
За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи потребните документи. Она што е потребно е потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити, издадено од факултетот, уверение за предвидени и положени испити (УППИ) – образец кој го пополнува и заверува факултетот, со наведениот успех од претходните години, како доказ дека студентот има положено 80 проценти односно 90 проценти од предвидените испити, во зависност од типот на стипендијата што ја користи, односно дека го одржал просечниот успех во студирањето, во согласност со договорот, како и индекс од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.
МОН во објавата појаснува дека документите треба да се прикачат електронски со соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk и додаваат дека за каква било информација или прашање студентите може да се обратат на електронската пошта [email protected]
