Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ја презема целосната одговорност за владиниот одговор на пандемијата со новиот коронавирус и негираше дека се обидел да ги обвини здравствените работници за ширење на Ковид-19.
Џонсон беше критикуван откако изјави дека поединечни даватели на нега не ги следеле процедурите и препораките за спречување на ковид-19, а лидерот на опозициските лабуристи Кир Страмер повеќепати бараше извинување од британскиот премиер.
Џонсон денеска во Парламентот изјави дека немал намера да ги обвини за ширењето на пандемијата.
„Кога е во прашање преземање на вина, ја преземам целата одговорност за тоа што се случи. Една работа што никој не ја знаеше за време на пандемијата е дека вирусот се пренесува асимптоматски од човек на човек и затоа насоките и процедурите се сменија“,
посочи Џонсон.
Инаку, Велика Британија е на трето место во светот по бројот на починати од последици од ковид-19 со потврдени 44 391 смртни случаи. Во земјата вкупно регистрирани се 286 349 инфицирани луѓе.