До крајот на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината

Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат за денеска метеоролозите. Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе биде од 1 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 26 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро до 25 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде од 18 до 25 степени.
До крајот на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.
