К.Т. (43) од Прилеп, во својство на параглајдинг-инструктор, на 28 јули годинава договорил тандем-лет со А.Г.Б. (37) од Шведска, без претходно да ѝ даде потребни инструкции и насоки. При слетувањето, Швеѓанката се здобила со тешки повреди
Параглајдинг-инструктор од Прилеп доби кривична пријава во врска со инцидент од јули годинава во кој 37-годишна државјанка на Шведска завршила со тешки телесни повреди.

Според наводите на Министерството за внатрешни работи (МВР), К.Т. (43) од Прилеп, во својство на параглајдинг-инструктор во рамки на компанија за параглајдинг, на 28 јули годинава договорил тандем-лет со А.Г.Б. (37) од Шведска, без претходно да ѝ даде потребни инструкции и насоки.
„За време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена во болницата ‘Свети Еразмо’ во Охрид“,
соопштија денеска од МВР.
Против инструкторот е поднесена кривична пријава за делото тешка телесна повреда.
