Според информациите од МВР, осомничениот сам се пријавил во полиција по претходно објавено видео на социјалните мрежи
Полицијата приведе 62-годишен маж, осомничен за силување малолетник. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот Р.Н. од тетовско село, самиот се пријавил во полициската станица Тетово, по претходно објавено видео на социјалните мрежи.
„По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, според член 188 од Кривичниот законик“,
велат од МВР.
Од МВР додаваат дека осомничениот е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот.
