ОЈО-Скопје товари 42-годишна инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, дека побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и одреди притвор од 30 дена за осомничената инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство.
ОЈО-Скопје товари 42-годишна инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, дека во периодот од 17 до 25 септември, побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот, односно дека тој ги почитува сите потребни процедури за работа.
Обвинителството бараше притвор поради, како што соопштија оттаму, ризик од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице- инспектор да го повтори дејствието кое не смеела да го изврши.
