Јас верувам дека единствено земја којашто се грижи за основните работи – чист воздух, вода, за добри услови на живот, исто така напредува и економски, рече Вајц

Австрискиот пратеник и постојан известувач на ЕП за земјава, Томас Вајц, посочи напредокот на Македонија е потребен за земјата да се развиете во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед на тоа дали сака да се приклучи во Европската Унија еден ден или не.
Вајц беше еден од учесниците на Граѓанскиот форум „Северна Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“, организиран од Групата за поддршка на демократијата и координација на избори на Европскиот парламент, во соработка со Собранието на Северна Македонија.
Тој истакна дека напредокот на земјата не треба да се гледа исклучиво низ призмата на нејзиното членство во Европската Унија, туку пред сè како процес што треба да обезбеди модерно и демократско општество, како и подобри услови за живот на граѓаните. Во спротивно, рече, граѓаните ќе го бараат подобриот живот на друго место.
Како важни теми за кои, според него, треба отворено да се разговара ги посочи животната средина, квалитетот на воздухот, дивите депонии, рециклирањето, пречистителните станици, рударството и шумарството. Се осврна и на владеењето на правото, оценувајќи го како еден од темелите на функционирањето на државата, како и на демократските процеси и учеството на граѓаните.
„Јас верувам дека единствено земја којашто се грижи за основните работи – чист воздух, вода, за добри услови на живот, исто така напредува и економски. Сето тоа има директно економско влијание. Тоа е во секој систем што ви го дефинира секојдневниот живот, тоа е исто така и владеење на правото, дали законот се применува за сите на ист начин или пак зависи колку сте богат и од каде доаѓате. И за тоа треба да зборуваме“,
оцени Вајц.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој беше еден од говорниците, кажа дека земјава има јасна стратешка определба – полноправно членство во Европската Унија.
„Тоа е определба која има широка поддршка во нашето општество и која треба да биде надпартиска и долгорочна.
кажа Гаши.
Но, европскиот пат не може да биде успешен ако се води само во институциите. Токму затоа ваквите форуми се важни. Партиципативната демократија не значи граѓаните да бидат прашани за мислење само во изборен период. Таа значи граѓаните постојано да имаат можност да учествуваат во креирањето на политиките, да поставуваат
прашања, да предлагаат решенија и да бараат одговорност од институциите. А, ние како Собрание, имаме посебна одговорност во тој процес, бидејќи ние како пратеници сме директниот глас на граѓаните. И затоа, јас често велам, важно е и ние пратениците, но и останатите фунционери да останат во постојана комуникација со граѓаните, да бидат на терен и нивните потреби и барања да ги преточуваат во законски решенија и идеи“,

