Ова за нашите сограѓани ќе значи многу, ќе се скрати времето за чекање по шалтери, ќе се скрати времето за патување во главниот град, определен документ ќе може и овде да се извади. На располагање ќе бидат љубезни вработени, ова е придобивка и за општините Чешиново-Облешево и за Зрновци, кажа градоначалникот Грозданов

Кочани доби нов Центар за електронски услуги, преку кој, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk, меѓу кои се издавање извод од матичната книга на родените, документи од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции.
Од Министерството за дигитална трансформација велат дека со отворањето на Центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење.
Министерот Стефан Андоновски изјави дека е важно приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања.
„Граѓаните ќе можат да добијат над 350 услуги за коишто досега ќе требаше да поминат различни институции за да ги добијат или да аплицираат и да ја добијат услугата сами од нивниот мобилен телефон или лаптоп. Оние кои немаат електронски уреди, не знаат или не сакаат да ги користат, сега ќе можат на едно место, во Центарот за услуги во Кочани да добијат бројни потврди и услуги“,
кажа Андоновски.

Ова е осумнаесетти Центар за услуги во Македонија.
Градоначалникот Грозданов кажа дека Советот на Општина Кочани со задоволство ја прифатил иницијативата на министерот за да се отвори Центар за услуги и во овој град.
„Нашите сограѓани ќе можат точно да разберат што нуди јавната админситрација, ќе го скратат своето време за пополнување на различен тип образци, ќе овозможиме подобра е-услуга за определени документи, ќе можат да се прикачат на дигиталните платформи и секако за оние кои им е потребна помош за едукацијата во делот на електронските услуги ќе можат то ада го спроведат овде. Ова за нашите сограѓани ќе значи многу, ќе се скрати времето за чекање по шалтери, ќе се скрати времето за патување во главниот град, определен документ ќе може и овде да се извади. На располагање ќе бидат љубезни вработени, ова е придобивка и за општините Чешиново-Облешево и за Зрновци“
кажа Грозданов.

Во рамки на работната посета, предвидено е министерот Андоновски да оствари средби и со претставници на компании од ИТ-секторот, како и со членовите на СТЕМ-клубот за роботика од Кочани.
