Според најавите од УХМР, во недела и до крајот на следната работна седмица ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, со услови за појава на слаба магла во одредени котлини и речни долини.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) јавува дека претпладне ќе има и повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

И во Скопје времето ќе биде облачно и постудено. Во текот на ноќта и во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Според најавите од УХМР, во недела и до крајот на следната работна седмица ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
