Во битката на светот против пандемијата со ковид-19 сѐ повеќе заштитна опрема завршува во морињата и во океаните.
Британскиот јавен сервис Би-би-си објави дека секој месец во ѓубре завршуваат околу 129 милијарди маски за лице и околу 65 милијарди гумени ракавици
Нуркачите и луѓето што се грижат за заштита на океаните забележуваат сѐ повеќе ѓубре од заштитна опрема која се таложи или „нурка“ под површината на водата, што предизвикува големи проблеми за живиот свет, но и за крајбрежјата низ целиот свет.
Подолу е краткиот видеозапис на Би-би-си од неколку локации во светот.