Како што јавува МИА, во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, како и полициски и царински службеници
Во голема акција под кодно име „Филтер“ од утринава се приведени 13 лица, а во тек се претреси на повеќе од 20 локации во Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и во Скопје со цел сузбивање на организиран систем за шверц на цигари. Како што јавува МИА, во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, како и полициски и царински службеници.

Царинската управа во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спровела истрага со која се откриени повеќе случаи на организиран шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќањето давачки во износ од неколку милиони евра.
Подетални информации околу акцијата се очекуваат во текот на денот.
