Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, синоќа присуствувала на прием организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој присуствувале сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп, „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование.
„Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца“,
рече Трамп.
Инаку, Рози Мицкоска во март годинава учествуваше на дводневен самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, исто така организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп.
Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“, на која посочи оти во Македонија се верува дека дигиталната писменост во образовниот процес мора да почне порано.
