Украинскиот претседател вели дека Украина е во постојан контакт со сојузниците околу напорите за обезбедување нови системи за воздушна одбрана, нагласувајќи дека не е можно да се говори за ублажување на санкциите против Русија кога Украинците живеат под закана од ракетни и напади со беспилотни летала секој ден
Во соопштение објавено вчера, Зеленски напиша дека Киев и Вашингтон сакаат војната на Русија против Украина да заврши пред зимата, истакнувајќи дека со американскиот претседател разговарал и за можни мерки за деескалација на конфликтот и отворање на патот за дипломатијата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвува нов голем напад врз неговата земја и ги повика сојузниците да продолжат да ја зајакнуваат украинската воздушна одбрана. Тој истовремено предупреди оти нема причина за ублажување на санкциите против Москва сè додека продолжуваат руските закани за ракетни и напади со беспилотни летала.

Зеленски ова го соопшти во објава на Телеграм по средбата со премиерот на Велика Британија, Енди Бернам, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), повикувајќи на разузнавачки информации, пренесуваат светските медиуми.
„Разузнавачките податоци сега покажуваат дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“,
напиша тој.
Украинскиот претседател вели дека Украина е во постојан контакт со сојузниците околу напорите за обезбедување нови системи за воздушна одбрана, нагласувајќи дека не е можно да се говори за ублажување на санкциите против Русија кога Украинците живеат под закана од ракетни и напади со беспилотни летала секој ден.
Руските сили подолг период вршат големи ноќни напади со дронови и ракети, а во последните недели забележлива е промена во нивната тактика и се повеќе спроведуваат напади преку ден.
Во последните месеци, Москва, исто така, почна да користи дронови на млазен погон кои летаат на поголеми виосчини и преставуваат тешка цел за противвоздушната одбрана на Украина.

Инаку, за време престојот во Њујорк, Зеленски се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого разговараше околу напорите за ставање крај на војната со Русија, а според извештаите на светските медиуми, двајцата претседатели разговарале и за можноста за билатерален прекин на нападите врз енегетски цели меѓу Москва и Киев.
Во интервју за „Волстрит џурнал“, Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ниту ја добива ниту ја губи војната, но дека не чувствува притисок директно да преговара за нејзино завршување.
„Ситуацијата на бојното поле не е успешна за Путин. Тој не победува, тоа е вистината. И тој не губи, и тоа е исто така точно, бидејќи за него, човечките загуби не се загуба, но неговото општество губи луѓе. Тој не верува дека мора да престане“,
вели украинскиот претседател.
Во соопштение објавено вчера, Зеленски напиша дека Киев и Вашингтон сакаат војната на Русија против Украина да заврши пред зимата, истакнувајќи дека со американскиот претседател разговарал и за можни мерки за деескалација на конфликтот и отворање на патот за дипломатијата.
„И САД и Украина сакаат да ја видат оваа апсурдна војна што ја води Русија како завршува пред зимата“,
напиша Зеленски.
Зеленски, исто така, им се заблагодари на САД за континуираната соработка во започнувањето на производството на ракети-пресретнувачи „Патриот“ во Украина, за кои украинскиот претседател со недели предупредува дека и итно потребни на неговата земја.
„Ова ќе помогне да се заштитат животите ако Русија одбие преговори и продолжи со теророт со балистички ракети против нашиот народ оваа зима и понатаму“,
рече тој.

На прес-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН, Зеленски, исто така, наведе дека му презентирал на Трамп предлог за запирање на нападите врз руските енергетски објекти, под услов Москва да го стори истото со нападите врз украинската енергетска инфраструктура.
Зеленски изрази благодарност до Вашингтон за обидот да најде начин да ги доведе двете страни на преговарачка маса, а соопшти и дека побарал од Трамп да пренесе пораки до кинескиот претседател Си Џинпинг и за негово вклучување во процесот.
„Отворено му реков на претседателот Трамп оти веруваме дека ако го вклучи претседателот Си, тој може да има влијание врз Путин“,
кажа Зеленски.
