Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 21 септември 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски
Кога ќе почне изградбата на националниот дата-центар и што ќе донесат приватните инвестиции во вакви капацитети? За овие прашања разговараме со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во новото издание на „360 степени“, емитувано на МРТ 1. Ги отвораме дилемите за влијанието на дата-центрите врз животната средина и за противењето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ на проектот во Пехчево. Зборуваме и за апликацијата „m.Uslugi“ и за подготвеноста на институциите да прифаќаат лични документи на мобилен телефон. Кога, по долгите најави, граѓаните ќе добијат роаминг во ЕУ по домашни цени? Го прашуваме Андоновски и дали владината набавка на вештачка интелигенција од 1,6 милиони евра е двоен трошок покрај „Везилка“. Тема се и тендерите на неговото министерство за „Нова систем солушнс“ која се поврзува со функционер токму во овој ресор.
