Одлуката е повлечена откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата од ТАВ Македонија побарала дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром „Скопје“
ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот влез на едно возило во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше ограничен на 10 минути, само еднаш во период од 24 часа.

Одлуката е повлечена откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата од ТАВ Македонија побарала дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
„По доставеното барање, ТАВ Македонија ја извести Комисијата дека ја повлекува одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во период од 24 часа. Комисијата ја поздравува одлуката и ќе продолжи да ја следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот“,
информираат од Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Оттаму додаваат дека ќе продолжат да постапуваат во рамките на своите законски надлежности секогаш кога постои можност одредени услови или мерки да имаат влијание врз конкуренцијата и интересите на граѓаните.
