Од полицијата велат дека биле пронајдени 320 парчиња текстил, 28 парчиња обувки, 350 парчиња техничка стока, 78 парчиња лекови, 76 парчиња козметика, шест делови за возила и 377 парчиња друга стока

Триесет и шест годишниот С. С., жител на селото Гошинце, Општина Липково, е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело криумчарење.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека вчера во реонот на селото Липково полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес спринтер“ кое го управувал С. С., но тој не застанал и продолжил со движење кон селото Отља. По преземени мерки од страна на полицијата возилото било запрено.
При извршениот преглед во возилото биле најдени над 1 000 парчиња различна стока која била без соодветна документација.
Од полицијата велат дека биле пронајдени 320 парчиња текстил, 28 парчиња обувки, 350 парчиња техничка стока, 78 парчиња лекови, 76 парчиња козметика, шест делови за возила и 377 парчиња друга стока.
Од МВР велат дека е известен јавен обвинител од ОЈО Куманово и оти по целосно документирање на случајот против С. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
С. С. бил приведен вчера околу 19:50 часот од страна на полициски службеници од станицата за граничен премин и граничен надзор „Белановце“.
