Локалните медиуми, повикувајќи се на информации од други надлежни филипински органи, известуваат за многу поголем број жртви во пукањето
Најмалку едно е убиено, а неколку се повредени во пукање во средно училиште во јужните делови на Филипините, јавуваат светските медиуми.

Инцидентот, како што објави Би-би-си, се случил денеска попладне, според локално време, во Националното средно училиште „Банга“, во Јужен Котабато, во провинцијата Минданао.
Локалните медиуми и официјални преставници на тамошните власти досега излегле со различни информации во врска со бројот на жртвите, а засега нема потврда за нивниот, како идентитетот на напаѓачот.
Од Министерството за образование на земјата, преку соопштение, изразиле длабока загриженост поради вооружениот инцидент.
„Наш непосреден приоритет е безбедноста и благосостојбата на учениците, наставниците и училишниот персонал“,
се наведува во соопштението.
Оотаму додаде дека во тек е координација со надлежните органи со цел да се утврдат деталите за инцидентот и да се обезбеди неопходната поддршка за семејствата на жртвите и повредените.
„Ги повикуваме сите да останат смирени и да се воздржат од споделување непроверени информации додека трае истрагата на надлежните органи“,
навеле од Министерството за образование на земјата.
Гувернерот на Јужен Котабато, Реиналдо Тамајо, претходно во изјава за новинарите рекол дека едно лице било убиено во вооружениот инцидент, додека четири се хоспитализирани. Тој не соопштил детали за идентитетот на напаѓачот, ниту пак навел дали напаѓачот е меѓу загинатите или повредените.
Локалните медиуми, повикувајќи се на информации од други надлежни филипински органи, известуваат за многу поголем број жртви во пукањето.
Поради инциднетот, наставата бил прекината на сите нивоа во целата општина Банга, соопштиле службите за управување со катастрофи на општината.
Филипинскиот Црвен крст соопшти дека испратил медицински тимови за да помогнат по инцидентот, додека, според локалните медиуми, полициски екипи се на местото и вршат увид.
Кривичните дела извршени со огнено оружје не се реткост на Филипините – земја со една од највисоките стапки на поседување оружје во регионот, иако пукањата во училиштата се ретки.
Во јуни, тројца ученици загинаа, а повеќемина беа повредени откако нивни соученици отворија оган во средно училиште во централните делови на Филипините. Истражителите сметаат дека мотивот за смртоносното пукање била одмазда поради врсничко насилство, наведува Би-би-си.
