Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура

Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 26 до 32 степени.
И во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 13 степени наутро, до 31 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за слаб дожд. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени.
Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.
