Во земјава има вкупно 3 569 активни случаи со ковид-19, од кои најмногу, 1 941 се во Скопје.
Од скопските општини и натаму најмногу има во Чаир- 373, но бројката бележи опаѓање во споредба со изминатата недела кога беше над 400. Мало зголемување има во Гази Баба.
До вчера, ситуацијата во 17 скопските општини каде има активни случаи е следна: Чаир – 373, Гази Баба 192, Бутел 167, Карпош 158, Аеродром – 154, Центар – 144, Сарај – 140, Ѓорче Петров 109, Кисела Вода – 108, Студеничани – 107, Шуто Оризари – 91, Арачиново – 50, Илинден – 32, Петровец – 17, Чучер Сандево – 18
Сопиште – 9 и Зелениково-8.
Во Скопје има и двајца странци со ковид-19 и 62 лица кои не се распределени по општини.