Петмина починати, 120 нови случаи и 125 оздравени, е билансот од состојбата со коронавирусот во земјава во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Од починатите 5 лица, двајца се од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица надвор од болнички услови на возраст 78 и 76, при што кај едниот од починатите ковид-19 е дијагностициран постмортем.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-63, Тетово-14, Гостивар-12, Дебар и Струга по 6, Куманово, Охрид и Штип по 4, Прилеп и Велес по 2, Битола, Свети Николе и Кичево по 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Тетово-30, Кочани 4, Струга, Битола и Гостивар по 2 и Пехчево, Штип и Ресен по 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7 244, бројката на оздравени пациенти е 3 324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3 487, активни 1 941
• Куманово 805, активни 197
• Дебар 116, активни 64
• Штип 394, активни 160
• Прилеп 283, активни 53
• Тетово 789, активни 373
• Струга 274, активни 173
• Велес 198, активни 44
• Битола 63, активни 22
• Охрид 209, активни 180
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 173, активни 103
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 17, активни 11
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 75, активни 18
• Пробиштип 28, активни 17
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 47, активни 42
• Кичево 49, активни 40
• Ресен 122, активни 84
• Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 367 теста се преку: ИЈЗ – 628, Авицена – 100, Биотек – 134, МАНУ – 115, Жан Митрев (Филип Втори) -258, Систина со PCR метода – 116, ЦЈЗ Битола – 16.
Досега во земјата се направени вкупно 69 426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Во болниците има 424 пациенти, 5 се на респиратор
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, или вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.