„Случајот денеска е разгледан од страна на Комисијата за квалитет,ѝ при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото, како прегледи и терапија. И покрај сета пружена грижа, пациентката ја напуштила Клиниката на свое барање“, се вели во соопштението од оваа Клиника
Медицинската сестра Шавреска во објавата на Фејсбук го опишува третманот што го добила во повеќе здравствени установи пред да го загуби плодот, од појавата на првите болки во Охрид, преку прегледот во Струга, па повторното враќање во Охрид, до заминувањето во приватната болница „Плодност“, потоа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, и на крајот во болницата „Систина“
Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје (ЈЗУ УГАК) денеска излегоа со соопштение во врска со случајот за медицинската сестра Љубица Шавреска, која вчера преку својот фејсбук-профил јавно се обрати до Министерството за здравство и до министерот, споделувајќи лично сведоштво за третманот што го добила во повеќе здравствени установи додека била во 24. недела од бременоста, која завршила со загуба на плодот.

Оттаму ги отфрлаат обвинувањата што во јавноста ги изнесе пациентката, посочувајќи дека во случајот е постапено согласно медицинските протоколи, за што велат дека постојат писмени докази, односно документација за прегледите и препишаната терапија.
„Случајот денеска е разгледан од страна на Комисијата за квалитет при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото, како прегледи и терапија. И покрај сета прижена грижа, пациентката ја напуштила Клиниката на свое барање“,
се вели во соопштението на ГАК.
Како институција, како што додаваат, се почитува сечија приватност, но и интегритетот и начелото на установата.
Медицинската сестра Шавреска во објавата на Фејсбук го опишува третманот што го добила во повеќе здравствени установи пред да го загуби плодот, од појавата на првите болки во Охрид, преку прегледот во Струга, па повторното враќање во Охрид, до заминувањето во приватната болница „Плодност“, потоа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, и на крајот во болницата „Систина“.
Министерството за здравство вчера побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот со Шавреска.
По спроведениот инспекциски надзор, најавија дека ќе се формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници што учествувале во лекувањето на пациентката. Доколку во постапката на инспекцискиот надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, од ресорното Министерство посочија дека ќе постапат во согласност со важечките законски прописи.
